Првиот есенски ден носи дожд

336
20151002 Friday 1416 toplo vreme soncevo vreme sonce esen park

Од денеска почнува есента на северната хемисфера, а истовреме на јужната хемисфера почнува пролетта.

На првиот ден од есента, Сонцето во Скопје ќе изгрее во 06:20 часот, а ќе зајде во 18:32 часот. Денот ќе трае 12 часа и 12 минути.

Синоптичарите за денеска најавуваат променливо облачно време со сончеви периоди. Попладне и кон крајот на денот се очекуваат повремени локални врнежи од дожд кои наместа ќе бидат проследени со ретки грмежи.

Минималната температура ќе се движи од 5 до 13 степени, а максималната од 22 до 29 степени.

Во Скопје, променливо облачно со повремен локален дожд попладне. Утринската температура ќе се спушти до 11, а дневната ќе достигне до 25 степени.

Во текот на следната работна недела времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Повеќе врнежи ќе има денеска кон крајот на денот и утре, кога на места ќе биде и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...