Прва љубовна изјава на принцот Вилијам: Кејт не го тргнува погледот од него

Во текот на официјалната посета на јужен Велс, Кејт Мидлтон и принцот Вилијам не можеле да престанат да се гледаат и дека си делат комплименти еден на друг.

2326

Што се однесува до принцот Вилијам, „Денот на вљубените“ веќе почна!

Во текот на официјалната посета на јужен Велс, Кејт Мидлтон и принцот Вилијам не можеле да престанат да се гледаат и дека си делат комплименти еден на друг.

Една жена од публиката која ги дочекала, му се обратила на принцот Вилијам со зборовите дека неговата ќерка, принцезата Шарлот, ѝ е омилена. Гордиот татко тогаш рекол:

„Да, таа е прекрасна – токму како и мојата сопруга!“

Кејт вљубено гледала во сопругот и се насмевнувала на секој негов збор.

Облечена во црвен фустан на „Зара“, со црвена марама со бели срциња, војвотката од Кембриџ веќе влезе во празничното расположение пред „Денот на вљубените“.

Можеби принцот Вилијам е идниот крал, но она што го прави стабилен и одговорен е смирената и непоколебливата сопруга, која му дава сила.
– Тие внимаваат еден на друг, на различни начини. Некои ќе кажат дека тие имаат старомоден брак, но изгледа дека тоа функционира – тврди нивен пријател за магазинот „Пипл“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...