Прва средба на Мицкоски со амбасадорката Кејт Брнс

579

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска ја оствари првата официјална средба со новата американската амбасадорка во Скопје, Кејт Мери Брнс.

Мицкоски ѝ посака добредојде на амбасадорката и изрази надеж дека соработката во текот на нејзиниот мандат ќе биде во насока на подобрување на стратешките односи помеѓу Република Македонија и САД.

Мицкоски нагласи дека за ВМРО-ДПМНЕ пријателството помеѓу Република Македонија и САД е од особено значење.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека за партијата клучен стратешки интерес е членство на Република Македонија во НАТО и ЕУ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...