Прва средба Димитров – Дендиас во Хелсинки

122

Министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Дендиас ја остварија нивната прва средба на маргините на неформалниот состанок на шефовите на дипломатиите на земјите-членки на Европската Унија и на земјите- кандидати за членство (GYMNICH) во Хелсинки, jави дописничката на МИА од Атина.

Дендиас, во изјавата по разговорите со неговите колеги од ЕУ, за средбата со Димитров рече дека била околу Договорот од Преспа.

– Со господинот Димитров ја имавме нашата прва средба на која разговаравме за аспектите на имплементацијата на Договорот од Преспа. Јасно му ставив на знаење на господинот Димитров дека Грција ќе инсистира на строго спроведување на договорот – рече Дендиас.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...