Прва седница на Владата по одморот на министрите

280

Со почеток во 12 часот, Владата денеска ќе ја одржи редовната, 83-та седница, на која на дневен ред се предлог – измените на Програмата за финансиска поддршка во земјоделство за 2018 година и други точки.

На предлог на Министерството за труд и социјална политика, министрите на седницата ќе дебатираат за предлог – програмата за изменување на програмата за изградба, опремување и одржување објекти за детска заштита за 2018 година, како и за извештајот за преземени мерки и активности за 2017-та година и оперативниот план за 2018-та година за спроведување на Националната стратегија за стари лица 2010-2020 година.

Како материјал за информирање, министрите ќе разгледаат неколку извештаи. Меѓу нив се извештајот на независниот ревизор за извршена ревизија на работењето на Ревизорското тело за ревизија на инструментот за претпристапна помош за периодот од 1 јануари до 31 декември 2017 година, како и извештајот за текот на имплементација на Планот за гаранција за млади (пилот фаза 2018 година).

На дневен ред е и информацијата за имплементација на ИПА II Акциската програма 2014-та, „Поддршка на секторот Правда”.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...