Прва награда од СЕММ за прилог на Алсат М

181

Прилог објавен во емисијата „360 степени“ на Алсат М телевизија, серијал текстови посветени на условите во македонските затвори објавени од МИА и краток документарен филм објавен на платформата „Види вака“ се трите наградени новинарски стории од сферата на општеството, социјалниот живот, со фокус на унапредување на човековите права и промовирање на правата на социјално ранливите и маргинализираните групи граѓани, кои традиционално ги доделува Советот за етика на медиуми во Македонија.

Првата награда ја доби авторот Хекуран Аќифи, за прилог со наслов „Во пресрет на денот на белиот стап-дали сме хумано општество само на хартија“ објавен во „360 степени“. Второнаградени се новинарите од МИА, Ана Цветковска Торомановска и Борис Куноски за серијалот текстови кои се однесуваат на условите во затворите и притворското одделение во Шутка, корупцијата во затворите и прашањето околу ресоцијализацијата на затворениците.

– Второнаградената сторија на годнашниот конкурс на СЕЕМ ги обработува проблемите на една од најмаргинализираните и сигматизираните категории граѓани – затворениците – кои во затворските установи освен што треба да ја отслужат казната за стореното дело потребно е да имаат и соодветни услови за ресоцијализација и нивното интегрирање во општеството. Авторите обработуваа сериозен општествен проблем, ги лоцираа дефектите во системот и отвораат низа прашања, повикувајќи на одговорност за едно прашање кое наидува на критика и во извештаите на ЕУ и други релевантни институции. Сторијата рефелктира сериозна аналитичност и аргументираност, изнесувајќи факти и информации кои ги предизвикуваат институции да ги решаваат пропустите и недоследностите – истакна членот на жирито Санта Аргирова.

Третата награда ја добија Александар Манасиев и Мирко Трајановски за краткиот документарен филм со наслов „Собирачи“, објавен на платформата „Види вака“.

Беа доделени и три пофалници, Никола Здравковиќ доби пофалница за прилогот „Кој и како ја донесе моќната „Економија“ до питачки стап има ли надеж да се врати на стариот пат“ објавен во рамки на емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат М.

Весна Ивановска доби пофалница за приказната „Наставникот од Свети Николе и неговиот ученик со аутизам: Би лажел ако речам дека е лесно, но е голема привилегија-јас учам од него“ објавена на порталот www.fakulteti.mk.

Анета Ристевска, Маја Раванска и Јане Стефанов добија пофалници за сториите објавени во списанието објавени „Лице в лице“.

Се работи за новинарските приказни „Бегалци во сопствента земја“, на Ристеска, „Списание по списание куќа“ на Раванска и „Падобранци со посебни предизвици“ на Стефанов.

Јавниот повик беше отворен за сите професионални новинари и редакции, посочи на денешната прес-конференција извршната директорка на СЕЕМ, Марина Тунева кои објавилесвои стории во медиумите во Македонија во перидоот од 1 јуни 2017 до 1 јуни 2018.

– И овојпат бевме пријатно изненадени од одѕивот на повикот за пријавување новинарски приказни – рече Тунева.

Се пријавиле 62 стории од различни новинарски форми и жанрови од вкупно 35 автори.

Од пријавените новинарски стории 28 биле објавени на интернет портали, 10 во печатени медиуми, 13 на телевизија, осум на радио и три на други медиумски платформи.

Евроамбасадорот Самуел Жбогар на прес-конференцијата на која беа соопштени наградите истакна дека активистите за човекови права и новинарите од кога и да било порано имаат алатки за обезбедување информации со цел да го информираат светот за сите проблеми со кои се соочува општеството.

– Тоа значи дека тие може да ги направат видливи сите прекршувања на човековите права и така да ја зголемат јавната свест и да предизвикаат социјални дејствија и акција, а со нивната работа тие можат да укажат не само на проблемите и прекршувањата на човековите права, туку исто така може да укажат на антиподот на овие проблеми. Овој антипод се добрите луѓе кои несебично работат на спроти предизвиците и се обидуваат овој свет да го направат подобро место за живеење. Имам привлегија што сум меѓу племенити луѓе, бранители на слободата на изразувањето, порача Жбогар на доделување на наградите.

Пријавените стории ги оценуваше тричлено жири составено од истакнати професионалци со долгогодишно работно искуство во областа на медиумите и новинарството, Санта Аргирова, Весна Никодиновска и Селјадин Џезаири.

Фондот за наградите изнесува 1.800 евра за сите наградени стории. Наградите и годинава се доделуваат со финансиска поддршка од УНЕСКО и ЕУ во рамки на проектот „Градење доверба во медиумите во ЈИЕ и Турција“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...