Прва конститутивна седница на новиот состав на Советот за безбедност

159

Во кабинетот на претседателот Стево Пендаровски денеска ќе биде одржана првата конститутивна седница на Советот за безбедност на Република Северна Македонија.

Националниот Совет за национална безбедност го сочинуваат девет члена. Покрај шефот на државата,  по функција членови се и претседателот на Собранието Талат Џафери, премиерот Зоран Заев и министрите за внатрешни работи Оливер Спасовски, за надворешни работи Никола Димитров и за одбрана Радмила Шекеринска.

На предлог на претседателот Пендаровски, дел од ова советодавно тело се и професорото и прв министер за одбрана Трајан Гоцевски, професорот на УЈИЕ Ветон Љатифи и професорот од Правниот факултет при УКИМ Ненад Марковиќ.

Советот разгледува прашања во врска со безбедноста и одбраната на државата и дава предлози до претседателот, Собранието и Владата. Советот го раководи шефот на државата.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...