Ирина Шајк (34) и Бредли Купер (45) позирале заедно на прославата во Лондон, а фотографијата ја објави британскиот „Вог“. Тие јавно се сретнаа осум месеци по раскинувањето на четиригодишната врска.
За кратко време почнаа шпекулациите дека славната манекенка и познатиот актер се смириле.
Поранешната двојка Ирина Шајк и Бредли Купер после многуте гласини сепак останале во добри односи, а во неделата откако биле доделени БАФТА наградите, биле заедно на забавата. Сепак, таму стигнале одвоено.
За време на прославата по доделувањето на наградите, Ирина и Бредли се споиле, а сите зборуваат за фотографијата на која заедно позираат. Поточно, зборуваат за изразот на лицето кое го имаат некогашните партнери, со оглед на неговата насмевка и на нејзината „кисела“ фаца. Кога ќе ја видите фотографијата сè ќе ви биде јасно.
ФОТО: Инстаграм/Принтскрин