Прва жртва од невремето во Словенија

346
20130225 Monday 1056 dozd nevreme vrne vrnezi

Едно лице го загуби животот, откако поради силниот ветер врз неговиот автомобил падна дрво. Несреќата се случи утрово на патот Дравоград – Марибор во близина на местото Подвелки, јави диписникот на МИА од Љубљана.

По несреќата, полицијата го затвори за сообраќај целиот патен правец.

Поради силниот ветер цела Словенија од денес е во „портокалова фаза”. Агенцијата за животна средина го издаде предупредувањето по информацијата на метеоролошките служби, дека во некои делови од државата ветерот денес ќе достигне брзина и до 120 километри на час.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...