Прва Евровизиска вечер: Пат во финалето бараат Србите, Словенците, Црногорците

1005

Во Тел Авив во тек е првата полуфинална вечер на Евросонг, а гледачите ќе видат настап на изведувачи од 17 земји.

На бината вечерва ќе се претстават изведувачите од Црна Гора, Д мол со песната „Heaven“.Прва настапи претставничката на Кипар Тамта со песната „Replay “.

За разлика од досегашните разгледници во кои изведувачите ги претставуваа убавините на своите земји, годинава во разгледниците тие мора да пејат и играат.

Првата вечер ја отвори ланската победничка на Евросонг Нета Барзилиа.

На Евросонг учествуваат 41 земја, а шест имаат директен пласман во финалето. Останатите 35 се поделени во две полуфинални вечери.

Вечерва меѓу останатите настапуваат претставниците на Словенија, Унгарија, Србија, Црна Гора.

Македонија ќе настапи во втората полуфинална вечер која ќе се оддржи во четврток.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...