Лори Лајтфут е избрана за градоначалник на Чикаго и таа е прва Афроамериканка на позицијата градоначалник на третиот најголем град во САД.
– Со години се зборува дека Чикаго не е подготвен. Ќе бидеме подготвени, бидејќи реформите се тука – рече Лајтфут откако положи заклетва на преземањето на функцијата, објави Гласот на Америка.
Таа, исто така, додаде дека ниту еден официјален претставник не треба да профитира од својата функција, како и дека ќе спроведе полициски реформи.
Лајтфут, 56-годишна демократка, е поранешна американска јавна обвинителка. Таа исто така е првиот градоначалник на Чикаго која отворено призна дека е хомосексуалка.
ФОТО: EPA / TANNEN MAURY