Првата жртва на поплавите во Србија е 60-годишник

87
ФОТО: Курир.рс

Првата жртва на поплавите во Србија е 60-годишник, кој исчезнал во вторникот вечерта, а чие тело е пронајдено денеска, пренесуваат српските медиуми.

Потрагата за несреќникот, кој последен пат е виден на трактор, почнала веднаш по пријавата, а се приклучиле и припадници на Министерството за внатрешни работи, Секторот за вонредни ситуации, но и доброволци.

По 13 и пол часа најдено е местото каде се наоѓал тракторот, но потрагата била отежната поради калта и тињата.

Вчера повторно се барало, но условите пак ја отежнувале работата.

Потрагата била продолжена денеска во 11 часот.

ФОТО: Курир.рс

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...