– Јас на тестот бев позитивна на коронавирус. Читам дека сум била излекувана, но всушност, никогаш не сум ни била болна – тврди госпоѓата од италијанското место Во Еуганео.
Излекуваната госпоѓа сѐ уште е лута.
– Можеби сме глупави, но некој го подметна оганот на нашата глупавост – вели госпоѓата која се излекувала од коронавирусот во Италија.
По смртта на Адриан Тревисан, првиот Италијанец кој почина откако му беше дијагностицирана инфекција со коронавирус, жената поради контактот со него веднаш била тестирана, пренесуваат од хрватски „Новилист“.
– Тоа го направив поради себе, но и поради жителите на местото Во Еуганео со кои сум опкружена. Ме гледаа како да сум им го плукнала вирусот во кафето. Бидете мирни, им реков на своите пријатели, немам симпоми, на тестирањата ќе бидам негативна – раскажала жената за весникот Corriere della Sera.
Напротив, на тестот таа била позитивна.
– Лекарите веднаш ми рекоа: „Поради претпазливост ќе ве хоспитализираме“, и го исполнија своето ветување.
Жената во понеделникот наутро се вратила дома, каде што била во домашна изолација. Нејзиното престојување во креветот траело кратко, само ден и половина. Само толку малку, за жената која има 47 години да го привлече вниманието на новинарите затоа што била првата личност која била отпуштена од болница откако ѝ бил дијагностицирна инфекција со коронавирусот.
Од што требаше да се плашам?
– Јас сум една личност која е пуштена дома, а болниците наскоро ќе ги напуштат многу луѓе. Треба да се разбудиме затоа што самите си ја ги предизвикуваме страдањата – порачала жената за ширењето на непотребната паника.
– Лекарите ми рекоа дека постарите луѓе мора да бидат повнимателни, а останатите би требало да избегнуваат места со многу луѓе – рекла жената која што го преживеала коронавирусот.
На прашањето dали била исплашена, таа одговорила: „Од што требаше да се плашам? Па тоа е некој вид грип, од него не умираме доколку не сме веќе болни од некоја друга болест. Ми се чини дека сите полудевме од паника“.
На прашањето „како се лекувала“, одговорила:
– Ништо не пиев. На тестот бев позитивна, но немав температура во ниту еден момент. Штом пристигнав во болницата ми дадоа инфузија. Единствениот лек кој што го консумирав беше таблетата Момент, против главоболка која ми се појави како последица на стрес. Ги прашав лекарите дали смеам да ја испијам. Тоа беше сѐ што земав – раскажала жената за весникот Corriere della Sera.
По карантинот се враќам на работа
На прашањето како сега се чувствува госпоѓата одговорила:
– Одлично. Замислете, последните неколку години често ме мачи кашлица, а оваа година не ни закашлав. Штом завршам со карантинот се враќам на работа.
FOTO: EPA