Првата дама на Франција во најголема тајност имала естетски зафати, затоа ја нема во јавност

5433
Photo: EPA / JULIEN DE ROSA

Првата дама на Франција, Бриџит Макрон, како што пренесуваат француските медиуми, неодамна во најголема тајност посетила приватна клиника во Париз каде имала естетски зафати.

Таа е постара од споругот Емануел 25 години.

Последен пат во јавноста таа се појави на воената парада во јули, а само два дена подоцна Бриџит отишла во клиниката American Hospital of Paris на колсултации со лекарите, а хируршките зафати ги направила, веднаш наредниот ден.

Операцијата поминала без никакви проблеми и првата дама уште истата вечер ја напиштила клиниката, наведуваат француските медиуми, додавајќи дека оттаму таа заминала во една од претседателските резиденции каде останала два дена за да се опорави.

Естетските зафати, наведуваат медиумите, се причина што Бриџит ја нема во јавноста.

Photo: EPA / JULIEN DE ROSA

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...