Д-р Хелен Шерман, првата Британка астронаут, тврди дека вонземјани постојат и дека тие веројатно веќе живеат меѓу нас на Земјата.
Зборувајќи за магазинот „Опсервер“, таа тврди дека можеби вонземјаните не се направени како луѓето, но сосема е можно тие да постојат, а ние едноставно да не ги гледаме, пишува Скај Њуз.
56-годишната некогашна астронаутка, пред да учествува во мисијата во советската вселенска станица „Мир“ во мај 1991 година, била хемичарка.