Се раѓа антибугарски македонизам во најгруба форма, вели поранешниот претседател на Бугарија, Георги Прванов во интервју за „24 часа“ каде зборувал за актуелните прашања меѓу двете земји како и за договорт кој го потпишаа Македонија и Бугарија.
Тој смета дека дел од проблемот лежи во договорот за пријателство, кој не го реши проблемот со општата историја, „како тоа што го направија Грците“ и оти тој проблем е префрлен врз една комисија која нема мандат за такво нешто.
Прванов порачува Бугарија во разговорите со Македонија да се држи до тоа дека Илинденското востание е бугарско по својот карактер.