Прашумите на Амазон и Пантанал погодени од најстрашни пожари со повеќе од 72.000 жаришта

221
ФОТО: МИА

Прашумите на Амазон и Пантанал во Бразил ги погодија најстрашните пожари во последните пет години, соопшти Националниот институт за вселенски истражувања кој регистрирал повеќе од 72.000 жаришта во периодот од 1. јануари до 19.август што е за 82 проценти повеќе отколку истиот период во 2018 година.

Најтешко погодени подрачја се Амазон, кој зазема голем дел од северот и северозападот на земјата, а следи Пантанал каде исто така во налети избиваат пожари околу некои големи градови, како Сао Пауло. Пожари се шират и во сојузните држави Акра, Рондонија, Мато Гросо и Мато Гросо до Сул во близината на границата меѓу Бразил, Боливија и Парагвај.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...