„Прашка“ од денеска еднонасочна

726

На улицата „Прашка“, во населбата Тафталиџе 1 од денеска почнува да функционира новиот сообраќаен режим. По оваа улица каде што има и повеќе воспитно – образовни установи, ќе се вози во една насока, со што ќе се ублажи метежот во овој дел од Карпош, соопшти Општината.

– Со новата хоризонталната и вертикална сигнализација ќе се придонесе кон подобрување на безбедноста на сообраќајот во овој дел од Карпош. Тука веќе се поставија и четири платформи за забавување на сообраќајот (т.н. „легнати полицајци“). Во моментов се работи на поставување на „легнати полицајци“ и пред други основни училишта: „Јан Амос Коменски“, „Војдан Чернодрински“, „Димо Хаџи Димов“ и „Братство“ – рече градоначалникот Стефан Богоев.

Се обрати и Менаџерот на „Нова“, Иван Новаковски, затоа што ова меѓународно училиште го донираше проектот за целиот сообраќаен режим, а и во повеќе наврати ја покажаа својата општествена одговорност и грижа кон заедницата.

Новаковски потенцираше дека за еднонасочниот сообраќај разговарале со голем број родители и дека оваа иницијата денеска се реализира на негово задоволство.

– Тафталиџе 1 беше најпогодено од непланската урбанизација, а со овие мерки ќе се санира дел од направената штета – рече Новаковски.

Градоначалникот Богоев ги повика сите карпошани, граѓани, да ги почитуваат новите сообраќајни знаци, да возат внимателно и совесно, затоа што сите носиме одговорност за безбедноста во сообраќајот.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...