Пратеникот од ВМРО – ДПМНЕ Зоран Илиоски ја праша специјалната обвинителка Катица Јанева дали се предадени сите прислушувани разговори и дали има записник за таквото примопредавање, со оглед на тоа што имало шпекулации дека има такви разговори на црниот пазар.
Јанева, одговори дека СЈО направило попис на целокупниот прислушуван материјал кој е дел од доказниот материјал и кој се наоѓа во судот, а е поврзан со предметите „Таргет“ и „Тврдина“.
Јанева му одговори на Илиоски и во врска со неговите забелешки дека СЈО го прекршува Законот за јавното обвинителство за гонење кривични дела кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите поради отворањето предистражни постапки и по истекот на законскиот рок од 18 месеци. Обвинителката, се повика на членот 20 од Законот за СЈО според кој функцијата јавен обвинител кој раководи со Јавното обвинителство престанува по завршувањето на сите истраги и гонења кои се во негова надлежност.