Прашањето за датумот непријатно и за Жбогар

581

Евроамбасадорот Самуел Жбогар денеска од кратовско Куклица ги повтори ставовите на претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер дадени пред два дена во однос на датумот за преговори.

– Не можам да кажам многу повеќе од тоа што го рече претседателот на Комисијата пред два дена, кој истакна дека државата е подготвена да ги направи следните чекори и, исто така, рече дека ќе ги убеди другите држави членки да се залагаат и да дадат зелено светло за отворање на преговорите – изјави евроамбасадорот Самуел Жбогар при денешната посета на месноста Куклица во Кратовско одговарајќи на новинарско прашање дали очекува датум за преговори во јуни, откако премиеорт Заев најави дека во случај државата да не добие датум за преговори на Самитот во јуни можно е да падне Владата со што ќе се дефокусира работата на институциите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...