Пратеничката на СДСМ Мира Стојчевска на седницата на собраниската Комисија за финансирање и буџет кажа дека покачувањето на акцизата на дизелот нема да ги погоди сиромашните, бидејќи не поседуваат автомобили, пишува порталот Сакам да кажам.
Комисијата вчера расправаше за предлогот на ВМРО-ДПМНЕ да се укине покачувањето на акцизата на дизелот од три денари, кое стапи на сила на 1 јануари. Мнозинството во Комисијата за финансирање и буџет го одби предлогот на опозицијата, а образложението за неприфаќање на предлогот го даде Стојчевска, која минатата година зеде 11.736 евра за патни трошоци.
„Покачувањето на акцизата на дизелот нема да ги погоди сиромашните граѓани бидејќи 60% од сиромашните домаќинства во Македонија немаат автомобил“, кажа пратеничката на СДСМ од Делчево.