Пратеничка нападната поради разголениот фустан во парламентот ФОТО

Една корисничка на Твитер ја прашала дали нејзината облека е „соодветна облека“ за парламентот.

1064

Една британска пратеничка е на удар на троловите на Интернет, кои ја критикуваа поради тоа што покажала рамо во парламентот.

Трејси Брабин, пратеник на опозициската Лабуристичка партија добила навредливи коментари на социјалните медиуми откако нејзиното рамо било изложено за време на дебатата во Долниот дом во понеделникот.

Една корисничка на Твитер ја прашала дали нејзината облека е „соодветна облека“ за парламентот.

Брабин одговорила со твит, велејќи дека не знае дека некој може да стане толку „бесен поради голо рамо“.

– Извинете што не стасав да одговорам на сите, но можам да кажам дека не сум … Распуштеница. Мамурна. Дебил. Не започнав со доењето. Не сум ниту пијана. Ниту сум имала секс покрај контејнерот за отпадок“, брутално напишала пратеничката.
Добила голема поддршка од корисниците на Твитер.

Брабин за медиумите објасни дека претходно присуствувала на музички настан и не очекувала да биде повикана во парламентот.

„Но, ова е сè уште апсолутно апсурдно. Ова е секојдневен сексизам. Жените постојано се проценуваат според изгледот и облеката што ја носат, а не поради она што го велат. Тоа е затоа што сакаат да не замолчат“, заклучила Брабин.

Пратеничката додала и дека се обидува да не ги коментира навредите, особено ако тие потекнуваат од „воин зад тастатура што седи во спалната на мајка му, јаде тестенини и навредува луѓе кои не ги познава“.

POSLANICU NAPALI ZBOG ONOGA ŠTO JE OBUKLA U PARLAMENTU: Da li je vama OVO neprimereno? (FOTO)

 

FOTO: Tviter/Printskrin

Foto: Youtube printscreen

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...