Пратеничката и претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова потврди дека на референдумот излегла и гласала „против“.
– Да, точно е дека излегов и гласав „против“. И сакам да информирам дека доколку нема цензус јас во Собранието нема да го дадам својот глас за уставни измени – изјави Рангелова за ТВ 24.