Пратеничката Затуровска тврди дека Ангеловска е газдарица на фирма заедно со снаата на Ласкова

8207

Нина Ангеловска, која власта ја предлага за министер за финансии, е сопственик на фирмата Декодикс ДОО која е добитник на грант од 20 милиони денари од Фондот за иновации, тврди пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Лилјана Затуровска.

Фирмата Декодикс ДОО е позната по тоа што за време на скандалозната распределба на грантови од Фондот за иновации беше обелоденето дека еден од нејзините сопственици беше и Христина Керкез, снаата на Цветанка Ласкова, која потоа побара изземање од сопственичката структура, што беше потврдено и од директорот Јован Деспотовски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...