Пратеници формираа иницијатива за една изборна единица и бараат средба со Заев, Мицкоски и Ахмети

1018

Вкупно 12 пратеници од 10 партии и еден независен во Собранието формираа Иницијатива за една изборна единица. Тие одржале во Клубот на пратеници на 11 септември кога и ја формирале групата и нивната цел да се залагаат за пропорционален изборел со една единица.

„Како пратеници од Иницијативата бараме да бидеме вклучени во процесот на измена на Изборниот законик, на кој сме обврзани како држава по забелешките на ОБСЕ/ОДИХИР од последните парламентарни избори“, наведуваат пратениците во заедничкото соопштение.

Зата тие денеска писмено побарале состанок со претседателот на Собранието, Талат Џафери и со лидерите на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, Зоран Заев, Христијан Мицкоски и Али Ахмети.

„Цениме дека на ваков начин ќе се обезбеди поголема транспарентност и инклузивност на целиот процес, како и почитување на волјата на оние граѓани кои очекуваат демократизација на земјата преку измени во изборниот модел. Речиси две децении, од 2002 година досега, во Македонија на сила е пропорционален изборен модел со шест изборни единици. Тоа е доволен период за да може да се видат и анализираат позитивните и негативните ефекти од него. Тој беше секако подобар од претходниот мнозински изборен модел, зашто обезбеди поправичен избор на пратеници според бројот на гласови на гласачите. Сепак, распределбата на остатокот од гласовите од листите кои не обезбедиле мандат, преку Донтовиот метод, оди во прилог на најголемите субјекти“, пишуваат пратениците од Иницијативата.

Најголемиот недостаток на постоечкиот модел, според нив, е ограничувањето за листи на партии или поединци да обезбедат мандат, доколку немаат концентрација на гласови во една изборна единица.

„Така се случуваше да отпаднат листи кои на ниво на цела држава имаа 30-40.000 гласови, а во Парламентот да може да влезат, со мали исклучоци, само неколку поголеми партии“, велат пратениците.

Пратениците кои влегоа во оваа група за иницијатива за една изборна единица: Лилјана Поповска, Маја Морачанин, Рубин Земон, Ферид Мухиќ, Мирослав Јовановиќ, Панчо Минов, Самка Ибраимоски, Јулиана Николова, Јусуф Хасани, Реџеп Мемеди, Алија Камбероски и Амди Бајрам.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...