Пратеници на ВМРО-ДПМНЕ истакнаа транспарент до Јовески од галеријата

„Господине Јовески до кога ќе го криете писмото со кое  притворената Катица ви даде незаконска наредба (чл.60, законот за ЈО)“ - пишува на транспарентот.

975

Пратеници од ВМРО-ДПМНЕ по започнувањето на денешната јавна расправа за законот за јавно обвинителство на седница на собраниската Комисија за политички систем истакнаа транспарент на галеријата на кој пишува „Господине Јовески до кога ќе го криете писмото со кое  притворената Катица ви даде незаконска наредба (чл.60, законот за ЈО)“.

Транспарентот беше истакнат за време на обраќањето на државниот јавен обвинител Љубомир Јовески на јавната расправа.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...