Пратеници и новинарка се следни сведоци за 27 април

444
ФОТО: EPA/MAJA ZLATEVSKA

Со сослушување на четворица пратеници како сведоци заврши денешното судско рочиште за случајот со 27 април.

Судењето почна цо 10 часот утрово, а сведочеа Енес Ибрахим, Катерина Кузмановска и Хари Локвенец, како и Петар Атанасов кој тогаш беше пратеник, а сега е заменик министер за образование и наука.

Судењето за овој предмет ќе продолжи на 19 септември кога во судница ќе се слушнат сведочењата на уште двајца пратеници: Ферид Мухиќ и Курто Дудуш. Ќе сведочи и една новинарка.

Сите досега сослушани сведоци се по предлог на обвинителството кое предложило вкупно 36 од кои еден е загрозен.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...