Пратениците ќе му ја укинат платата на азилантот Груевски

587
ФОТО: EPA/GEORGI LICOVSKI

Шестмина пратеници од СДСМ и ДУИ до Собранието доставија предлог за дополнување на Законот за пратеници со кој кога ќе се усвои на експремиерот Никола Груевски ќе му се укине пратеничката плата.

„Ако пратеникот е осуден со правосилна судска пресуда на казна затвор подолга од 6 (шест) месеци, го губи правото на исплата на плата, други лични примања и надоместоци на трошоци“, е членот кој пратениците предлагаат да се дополни во Законот.

Предлогот се најде како 27 точка на денешната собраниска седници.

Потписници на се: Снежана Калеска-Ванчева и Мухамед Зеќири од СДСМ, Горан Мисовски и Соња Мираковска од НСДП, Реџеп Мемеди од БЕСА и Реџеил Исмаили од ДУИ.

Кога ќе се изгласа предлогот на шестмината народни избраници, Груевски ќе ја загуби платата повисока од 1.000 евра бидејќи е правосилно осуден на две години затвор за набавката на луксузниот блиндиран мерцедес. Веќе неколку месеци тој како бегалец од правдата во Македонија и азилант во Унгарија си ја земаше пратеничката плата.

За првпат се огласи дека се наоѓа во Буимпешта на 13 ноември лани.

ФОТО: EPA/GEORGI LICOVSKI

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...