Собранието денеска треба да избере двајца нови министри и тројца заменици министри што ги предложи премиерот Зоран Заев.
Нина Ангеловска е предложена за нов министер за финансии, а Хисен Џамаили за министер без ресор задолжен за подобрување на инвестициската клима.
За заменик министер за економија е предложен Кирил Колемишевски, за заменик министер за образование и наука Елизабета Наумовска, а Неџад Мехмедовиќ за заменик министер за политички систем и односи меѓу заедниците.
Пратениците на денешната седница треба да изберат и нов вицегувернер на Народната банка на Република Северна Македонија, за што е предложен Фадил Бајрами.