Пратениците уште денеска ќе ја изберат ДИК

296
20130131 Thursday 1148 pratenicki prasanja i ladna (dzingovaca) vp sobranie

Вечерва во 18 часот ќе се одржи седница на Собранието на Република Македонија на која пратениците ќе треба да го изберат новиот состав на Државната изборна комисија, потврдија за МИА од кабинетот на претседателот Талат Џафери.

Претходно, Комисијата за избори и именувања на експресна седница ги утврди седуммината членови на новиот состав на ДИК, што треба да го спроведе референдумот за Договорот со Грција, на крајот на септември.

Претседателот на Комисијата Илија Димовски, ги прочита партиски усогласените имиња, што веќе му се испратени на претседателот на Собранието Талат Џафери.

Оливер Дерковски од ВМРО-ДПМНЕ е утврден за претседател на ДИК, а Дитмире Шеху од ДУИ за потпретседател.

Елизабета Постоловска од ВМРО-ДПМНЕ, Јанакие Витановски, Борис Кондарко и Радица Ристеска од СДСМ, како и Енвер Салиу од Беса ќе бидат членови на ДИК.

На вечерашната седница на Собранието, покрај изборот на членови на ДИК, ќе бидат разгледани и измените во законот за финансирање на политички партии, на Законот за Влада и измените на Изборниот законик, според договореното на лидерската средба во понеделникот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...