Собраниската комисија за политички систем денеска едногласно го усвои предлог-законот за намалување на надоместокот за патните трошоци на пратениците.
Наместо надоместок од 30% од продажната цена на 1 литар гориво, според изминат километар, пратениците сега ќе добиваат надомест до 20%. Според новите пресметки, пратениците кои месечно земаа по 1.500 евра за патни трошоци, сега ќе земаат околу 1.000 евра.
До оваа измена дојде по жестоките реакции во јавноста.