Пратениците се фатија за работа, во пораст законите предложени од народните избраници

403

За три месеци, односно од 1 јануари до 31 март  годинава во Собранието имало 172 постапки за донесување или изменување на закони. Од нив 59 закони се донесени, 107 закони се во процедура, а шест се повлечени. Ова го покажува Извештајот за работата на Собранието на Граѓанската асоцијација МОСТ.

Од донесените закони, шест се нови, 43 се измени на постоечки закони, а 10 се ратификации.

Од донесените закони пратениците предолжиле 28.6 отсто. Ова покажува дека во порас е трендот на предложени закони од пратениците за разлика од првиот извештај кога 93 отсто од донесените закони биле предложени од Владата.

По скратена постапка се донесени 18 закони (36,7 отсто), а 31 (63,3 отсто) се донесени по редовна постапка. За првпат во текот на спроведувањето на проектот бројот на закони донесени по редовна постапка е поголем од бројот на закони донесени по скратена постапка.

Најмногу закони или 34 се донесени во јануари. Во еден ден, на 30 јануари се донесени вкупно 16 закони, сите предложени од Владата, што претставува 32.7 отсто од вкупниот број донесени закони во набљудуваниот период. На 15 јануари донесени се вкупно 13 закони, сите во редовна постапка, од кои само 1 закон е на предлог на пратеници. Ова претставува 27,1 отсто од донесените закони. Донесени се дав закони за хармонизација со правото на ЕУ.

94 закони кои биле предложени од вкупно 52 пратеници.

Донесени биле 14 закони предложени од пратеници, и тоа 9 по предлог на 14 пратеници и 5 закони предложени во претходниот период на мониторинг.

Во процедура се 86 закони поднесени од пратеници, и тоа 80 закони предложени од вкупно 50 пратеници и 6 закони предложени во претходниот период на мониторинг;

Повлечени биле 5 закони предложени од пратеници.

Во набљудуваниот период нема закони кои се недонесени/неприфатливи, а се предложени од пратеници.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...