Пленарната седница за пратенички прашања ќе продолжи во 15 часот, најави потпретседателот на Собранието Горан Мисовски.
Пратениците од 14 часот се на редовна пауза. Претходно беа поставени прашања до премиерот Зоран Заев, до министерот Оливер Спасовски, до заменик министерот за екологија Јани Макрадули.
Пратениците не беа задоволни од одговорите на Министерстото за екологија поради неодговорено прашање за работата на мерните станици во Скопје, кој е е еден од најзагадените градови во светски рамким, но и од преземените мерки против аерозагадувањето. Пратеникот Антонио Милошоски праша за наводната афера со прислушувани разговори во 2016 година во ОЈО и за писмото кое што деновиве беше обзнането од медиумите, а испратено од страна на амбасадорот Џес Бејли.
Пратеникот Влатко Ѓорчев се интересираше за трошењето народните пари и за новиот предлог во сите јавни претпријатија да има заменици директори, за партиските вработувања.