Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе потпишат „заклетва“ дека нема да гласаат

1296

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ќе потпишат платформа со која ќе се обврзат дека нема да поддржат промена на името и нема да гласаат амандмани за промена на Уставот, дознава Пресинг ТВ.

Како што брифирираат партиски извори секој народен избраник од ВМРО-ДПМНЕ ќе ја потпише оваа платформа.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се актуелни периодов, откако тројца од нив се појавија на гласање за референдумот Драган Данев, Даниела Рангелова и Крсто Јовановски.

Тројцата потоа појаснија дека во Собранието нема да гласаат за уставните амандмани, а Данев се изјасни дека дури и ако има тајно гласање ќе ја напушти собраниската седница.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...