Пратениците калкулираат, седницата за гласање за законот за јавно обвинителство доцни повеќе од еден час

По завршувањето на 135-тата, треба да продолжи 123. седница на која пратениците се очекува да се изјаснат по предлог-измените на Законот за одбрана.

399

Не почна собраниска седница на која треба да се гласа за Предлог-законот за јавно обвинителство и за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Советот на јавните обвинители.

Седницата е закажана за 11 часот, но досега не е почната. Моментално пратениците се собираат во пленарната сала.

По завршувањето на 135-тата, треба да продолжи 123. седница на која пратениците се очекува да се изјаснат по предлог-измените на Законот за одбрана.

Напладне, пак, треба да се одржи 137. седница на чиј дневен ред е Предлог-одлуката за негово распуштање во пресрет на предвремените парламентарни избори, закажани за 12 април.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...