Пратениците и министрите му честитаа на Заев ФОТО ВИДЕО

1884

Премиерот Зоран Заев доби честитки од министрите и од пратениците откако вечерва со 81 глас се изгласаа уставните измени кои произлегуваат од Договорот од Преспа. Прв му честиташе вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, кој седеше до него во собраниската сала.

Претходно, седницата три дена беше закажувана и одложувана.

Пратениците со двотретинско мнозинство вечерва во рамки на 75. седница ги донесоа амандманите XXXIII, XXXIV, XXXV и XXXVI на Уставот на Република Македонија, а потоа и ги прогласија. Усвоен и прогласен и Уставниот закон за спробведување на амандманите.

На седницата не присустуваше пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...