Пратениците изгласаа сите јавни претпријатија да имаат заменик директор

891

Собранието во попладневниот дел на 77-та седница го донесе законот за изменување и дополнување на Законот за јавните претпријатија по скратена постапка поднесен од пратениците Александар Кирацовски, Реџаиљ Исмаили, Благојче Трпевски и Јусуф Хасани.

Со ова законско решение се воведува функцијата заменик директор во сите јавните претпријатија.

На дневен ред на денешната седница по скратена постапка беше и предлог законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, поднесен од повеќе пратеници, за кој претседателот на Собранието Талат Џафери информира дека е повлечен.

Пратениците претходно донесоа и повеќе законски решенија во прво читање кои се дел од реформскиот пакет во правниот сектор, меѓу кои измените и дополнувањата на законите за судови, за прекршоци, за Судскиот совет, за управни спорови и за извршување на санкции.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...