Пратениците го ратификуваа Договорот со Грција

471

Пратениците со 69 гласа „ЗА“ го ратификуваа Договорот со Грција, во отсуство на пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Сега договорот треба да биде испратен до претседателот Ѓорге Иванов, кој има рок од седум дена да го потпише. Ако Иванов, како што најави, не го потпише односно го употреби правото на вето, тогаш договорот повторно оди во собраниска процедура, но тогаш ќе мора да биде изгласан со апсолутно мнозинство, 61 пратеник треба да гласа „за“. Договорот во тој случај повторно се испраќа до претседателот, кој според Уставот е обврзан да го потпише.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...