Пратениците ќе се фатат за Законот за управување со природното и културното наследство во Охрид

31

Собранието на Република Македонија денеска ќе ја продолжи 104. седница, која ја почна вчера.

Пратениците денеска ќе расправаат по преостанатите точки, а меѓу нив се и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за социјалната заштита и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на децата и двата по скратена постапка и во второ читање, како и Предлог-законот за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион во прво читање, кој вчера помина на Комисијата за култура.

Предлог-законот за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион вчера не беше поддржан од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Образложението беше дека предвидениот мораториум и за градба во Охрид и слични мерки, можеле да се спроведат и со постоечкиот закон.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...