Пред тринаесет години на кејот на Вардар во близина на скопското Кале требаше да почнат да се градат хотелски комплекси и деловни објекти, пишува „Независен весник“. Локациите се продадени, но и до ден-денес инвеститорите не почнаа со градење. Од 2007 година за три парцели се води судски спор. Шест години државата ги тужеше сопствениците, а од 2015 се сменија улогите во судскиот процес и сега газдите на парцелите ја тужат државата.
Сопственик на две парцели е заменик-градоначалникот на Скопје, Енвер Малиќи, и една поседува пратеникот од ДУИ, Ејуп Аљими. Тие бараат државата да им врати 2.167.000 евра, односно 1.254.000 илјади евра на Малиќи и 913.000 евра на Аљими.
Аљими е актуелен пратеник и координатор на пратеничката група на ДУИ, додека Малиќи е заменик-градоначалник за Скопје.
Целиот текст можете да го прочитате ТУКА.