Пратеникот Мемеди во судница откри како дошло до пеење на албанската химна на 27 април

2291

Прареникот Весел Мемеди од НДП во судница сведочеше како дошло до пеење на албанската химна од говорницата во Собранието на 27 април.

Тој кажа дека по моментот кога Крсто Мукоски на конститутивната седница ја пеел македонската химна од говорницата за реплика или процедурално за збор се јавиле двајца пратеници, Артан Груби и Џеват Адеми од ДУИ, а по нив копчето го притиснал и пратеникот од БЕСА Зекирија Ибрахими кој ја пееше албанската химна од говорницата. Меѓутоа, претседавачот на седницата Трајко Велјановски му дал збор на Ибрахими кој излегол и ја пеел химната.

– Убеден дека Артан Груби и Џеват Адеми се пријавија за збор веднаш, а пратеникот од БЕСА стисна на копчето по нив – раскажуваше пратеникот.

Тој кажа дека во текот на вечерта пријател му пишал порака со зборовите „Што направи бе овој будала од БЕСА, дали е паметен човекот”.

– Јас му одговорив дека човекот не е од тука и ова е чисто сценарио. И по 10 години да ме прашате ќе кажам дека тоа беше сценарио. Јасно видов дека Артан Груби и Џеват Адеми се пријавија за збор пред пратеникот од БЕСА. И второ кога тој ја пееше химната пратениците од ВМРО-ДПМНЕ на сите останати им викаа „тишина” за да може надвор да се слуша албанската химна. Затоа сум убеден дека ова беше сценарио – раскажа Мемети.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...