Пратеникот од владејачкото мнозинство, Енес Ибрахим, кој е претседател на Партијата за Движење на Турците, напиша книга на турски јазик насловена „Од 27-ми април до 27-ми април“. Книгата е во издаваштво на НВО Уфук, а промоцијата се одржа вчера во Скопје.
Книгата на Ибрахим, како што се наведува во соопштението, се занимава со политичките случувања во земјава меѓу периодот 27-ми април 2014, кога тогашната опозиција предводена од Зоран Заев ги бојкотираше резултатите од предвремените парламентарни избори, па сѐ до 27-ми април 2017 година, кога се изврши упад во Собранието.
„Авторот воедно е и директен сведок на сите овие настани кои ги обработува во својата книга. Особено важно е да се истакне дека оваа книга е единствена која се занимава со современата политичка историја на Северна Македонија напишана на турски јазик“, потенцираат издавачите.
На промоцијата говореа Ѓунер Исмаил, Илхан Рахман и Џабир Доко, кои ги анализираа квалитетите и пораките на ова дело.