Пратеникот Љубен Арнаудов утрово на влегување во Кривичниот суд на рочиште за 27 април не сакаше да каже дали ќе поднесе барање за амнестија.
– Изјава давам за 50 евра – им одговори Арнаудов на новинарите.
Навредени од односот, новинарите на паузата собраа околу 150 евра, за да платат дури три изјави од пратеникот, и му ги понудија. Што се случуваше пред судот можете да погледнете во видеото ТУКА.
Од останатите обвинети единствено пред новинарите застана началникот на обезбедувањето на Трајко Вељаноски, Горан Ѓошевски Леви.
– Тој закон не е стапен на сила. Не можам да кажам ништо пред време. Медиумите толкуваат на различен начин кој ќе биде опфатен кој не. Тоа е работа на судот и обвинителството – рече Леви.
Кратко искоментираа и браќата Стефан и Михаил Младеновски дека ќе се консултираат со нивниот адвокат.
Денешното рочиште е прво откако во вторникот попладне пратениците со 95 гласа „за” и ниту еден „против” по скратена постапката го донесоа Законот за амнестија.
Вчера се чекаше во Собранието да биде вратен законот потшишан од претседателот Ѓорѓе Иванов за да се испрати во Службен весник. До утрово законот се уште не беше објавен. Ќе стапи на сила веднаш штом ќе се објави, а потоа обвинетите ќе имаат рок од 5 дена да поднесат барање за амнестија, а судот исто така за 5 дена ќе треба да одлучи дали го опфаќа амнестијата или не, по претходно прибавено мислење од јавниот обвинител.
Повеќе од денешното рочиште:
Игор Југ разлутен им се обрати на пратениците