Пратеникот Антонио Милошоски на Фејсбук сподели радосна вест – станал татко по четврти пат, а новиот член на семејството е Илина.
„Колку прекрасна недела! Симона повторно е мајка ❤️ на свет ја донесе нашата најмалечка принцеза , ИЛИНА
бато Давид и сестричките Дариа и Михаела си добија уште една дадичка ❤️, а Тато е најсреќниот татко на светот.
Благодариме дедо Боже за благословот, најдраги мои роднини и пријатели Ве прегрнувам сите 👍🏼.., од денес сме порадосни и побогати со уште еден член во семејството Милошоски! Пожелувам секому!
Благодарност до Д-р Палчевски и неговиот тим од Аџибадем Систина.“