Закани, туркање,влечење и непристојни зборови за во чии раце да биде крстот. За среќа, инцидентот што фрли дамка на Водици во Штип, не траеше долго, преснесува регионалната телевизија Стар.
„Ми го земаа крстот од раце. Таму каде што јас и останатите се наведавме да го земеме, јас го фатив крстот, но еден од кандидатите со закани кон мене, пушти го, пушти го, јас го фатив,а не ти, сакаше да ми го земе крстот, но бев упорен и не го дадов“, изјави Наумче Балевски – граѓанин
Брегалничкиот митрополит објави соодветни мерки како опомена за во иднина да не има вакви и слични инциденти…
„Бидејќи настана еден немил настан, затоа предложив, додека се смират луѓето и се намали тензијата, крстот да остане во црквата оваа година. А, в година ако се средат работите како и годините наназад, повторно крстот ќе биде носен низ градот. Бидејќи крстот ќе биде во соборниот храм свети Никола, од утре секој кој сака да дојде ќе може да го стори тоа, да го бакне крстот и да се помоли“, изјави г. Иларион – митрополит Брегалнички
Празнична тепачка во Штип, крстот остана во црквата
„Бидејќи настана еден немил настан, затоа предложив, додека се смират луѓето и се намали тензијата, крстот да остане во црквата оваа година“, изјави г. Иларион – митрополит Брегалнички
loading...