Празникот Успение на пресвета Богородица масовно се одбележа и во манастирот во Лешок

259

Празникот Успение на пресвета Богородица со голем црковно – народен собир  масовно се одбележа и во манастирскиот комплекс во Лешок, како и во цркви и манастири ширум земјата. 

Одбележувањето во Лешок започна вчера рано наутро со света архирејска литургија со која чиноначалствуваше митрополитот на тетовско гостиварската епархија Г Јосиф.

Верниците ги посетуваа двата црковни храма во манастирскиот комплекс. Велат дека отсекогаш на празникот У спение на пресвета Богородица било масовно во Лешок, само што, за разлика од минатото, сега е малку сменета традицијата на чествувањето.

Празникот Успение на пресвета Богородица е домашна слава на голем број православни семејства од тетовско. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...