„Празен календар“ – модерна фолк-балада која ќе посакате да ја слушнете повеќепати ВИДЕО

„Празен календар“ е првата солистичка песна на битолскиот фолк пејач Менде Куновски, со која ја најави неговата солистичка кариера.

233

„Празен календар“ е насловот на овој деби-сингл на Куновски, а на кој како автори се потпишуваат едни од најдокажаните имиња, Николче Мицевски (музика и аранжман) и Борче Нечовски (текст). Песната е пак снимена во студио „XL Момировски“.

Ако досега бевме навикнати да слушаме фолк-песни во кои преовладуваат зурли и тапани, овој пат не е така. Токму овој проект докажува дека на овие наши простори има капацитет да се создаде и квалитетна модерна фолк-песна.

– Долги години бев член на битолската група „Алтернатор“, но решив дека е вистинско време да создадам нешто сам и нешто што ќе остане да се слуша долги години. Јас вака го замислувам новиот фолк-звук во нашата земја и убеден сум дека ќе и се допадне на публиката – вели Куновски, кој не крие дека му е драго што за првенчето соработувал со најдобрите.

– Да се работи со Николче и Борче е чест и привилегија. Вистински мајстори во својот занает, впрочем и нивните дела кои ги имаат создадено сведочат за тоа што јас го зборувам – завршува Куновски.

Новата песна беше и екранизирана од рацете на вредната екипа од „Веста Продукција“.

Инаку ова е само почеток, бидејќи во блиска иднина повторно ќе го видиме и слушнеме Менде со нова песна.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...