Чешкиот премиер Андреј Бабиш денеска е сослушан во полицијата во врска со претстојот на неговиот син на Крим. Сведочењето траеше речиси два часа. Полицијата се интересираше дали синот на Бабиш бил киднапиран.
Имено, Бабиш помладиот неодамна во едно телевизиско интервју (снимено со тајни камери) изјави дека неговиот татко сакал тој да ,,исчезне”, што предизвика бура негодувања во овдешната јавност, што заврши во парламентот со гласање доверба за владата на Бабиш. Премиерот го преживеа тоа гласање, но духовите околу наводното грабнување на син му уште не се смирени.
„Татко ми сакаше да исчезнам, за да не бидат достапен на обвинителството во врска со аферата „Штрково гнездо”, рече во тоа интервју Бабиш помладиот. Премиерот категорички ги негираше наводите на својот син од првиот брак, обелоденувајќи пред јавноста дека тој е болен од шизофренија.
Премиерот Бабиш денеска во полицијата рекол дена во јули 2015 година на автопатот Прага-Брно го нашле неговиот во автомобил. Тогаш тој говорел неверојатни работи, поради што е одведен во психијатриската болница во Хавличков Брод, од каде што подоцна е префрлен во Националниот институт за ментално здравје, каде што го лекувала докторката Дита Протопопова, која во рамките на лекувањето предложила куса прошетка низ Источна Европа.
Бабиш во полициската станица не велезе на главниот влез, туку низ сворот на соседниот комплекс, избегнувајќи ги очите на јавноста. Полицијата не даде никаква информација за овој настан.
Потпретседателот на Владата и министер за внатрешни работи. Инаку лидер на социјалдемократите, Јан Хамачек, кој во петокот се воздржа од гласањето за доверба на Владата, изјави дека тој ,,гарантира непристрасна истрага за аферата ,,Штрково гнездо”. Тој рече дека на сослушување во полицијата ќе бидат повикани сите нејзини актери, е прв на списокот денеска беше премиерот Бабиш. Министерот на полицијата Хамачек пред некој ден рече дека состојбата на Андреј Бабиш помладиот е толку сериозна, што е можно да се прекине неговото гонење за случајот ,,Штрково гнездо”.
Автор: Ристо Лазаров