Владата на РСМ денеска го прифати текстот на Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за правосудниот испит, и донесе одлука тој да биде испратен на усвојување во Собранието.
Овој предлог закон е дел од пакетот од Стратегијата за реформи на правосудството и од Планот 18, и основна цел за негово донесување е усогласување на оваа област со легислативата на ЕУ според која се налага укинување на електронскиот начин на полагање на правосудниот испит и воведување на писмено и усно полагање на кандидатите пред стручна комисија, врз основа на мерила и објективни критериуми за проценка на нивните знаења, информираа од Владата.