Правда ќе ја послуша Венецијанска за Законот за јазиците, но прво мислењето да стане официјално

Според документот што го поседува Плусинфо, драфтираните заклучоци на Венецијанската комисија се силна критика за Законот за јазиците и тие, на некој начин, препорачуваат детално да се простудираат причините поради кои е сменет законот од 2008 година и причините за недостатоците во спроведувањето на тој закон.

829

Министерството за правда ќе ги послуша препораките од Венецијанската комисија за новиот Закон за употреба на јазици, која според нацрт заклучоците го критикува законот, пред сѐ, во насока на функционирањето на судскиот систем.

– Мислењето на експертите на Венецијанската комисија и класифицирано сѐ до неговото усвојување од комисијата кога станува официјално. До неговото официјализирање нема да го коментираме, а штом ќе биде усвоено ќе го почнеме процесот на имплементирање на препораките содржани во него – велат од Министерството за правда.

Плусинфо вчера ексклузивно објави дел од оценките во нацртот на Заклучоците на Венеицијанската комисија, што официјално ќе се објават на 17 октомври. Тој е подготвен на 27 септември годинава.

Според документот што го поседува Плусинфо, драфтираните заклучоци на Венецијанската комисија се силна критика за Законот за јазиците и тие, на некој начин, препорачуваат детално да се простудираат причините поради кои е сменет законот од 2008 година и причините за недостатоците во спроведувањето на тој закон. На 17 октомврии ќе биде познато дали оваа верзија на заклучоците на Венецијанската комисија ќе се официјализира и што тоа ќе значи за иднината на овој закон.

Заклучоците и препораките можете да ги прочитате ТУКА.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...